За проектот

„Универзитет без корупција“ претставува 12-месечен проект на ИСИЕ за спречување на корупцијата во високото образование преку засилување на капацитетите на универзитетите и студентски тела во Македонија за имплементирање на Законот за заштита на укажувачите.
Проектот е насочен кон зголемување на свеста за обврските за примена на Законот за заштита на укажувачите во системот на високо образование како и засилување на капацитетите на управата, администрацијата и студентските организации за постапување по Законот преку потпишување на Декларација за универзитет без корупција, развој на универзитетска политика и водич, веб сајт, организација на тренинзи, последователни настани и иновација на студиските програми на универзитети.
Директни корисници на проектот се: 1) студентите, студентските активисти, неформални групи; 2) студентските организации; 3) јавните универзитети во Скопје, Битола, Штип, Охрид и Тетово; 4) универзитетската администрација, вработени и управата.
По завршувањето на проектот, корисниците ќе имаат подобро знаење и вештини да пријавуваат корупција, повеќе информации за дистрибуирање на информации, развиени универзитетски механизам за пријавување во согласност со Законот, поголема свест во јавност за овој предизвик и овозможувачка средина за пријавување корупција во високото образование.
Овој проект е имплементиран од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ  во периодот 2017-2018 година со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

U.S. Embassy Macedonia Logo

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите), авторот(ите) и не ги одразуваат оние на владата на САД.