Зборник на трудови „Корупција, високо образование и свиркачи“

На крајот на септември 2018 година од печат излезе Зборникот на трудови „Корупција, високо образование и свиркачи“ (Corruption, Higher Education and Whistleblowers) од Меѓународната конференција која се одржа на 11 септември 2018 година на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Објавен на англиски јазик, во издание на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје, во зборникот се поместени 13 трудови од 20 автори од регионот на Југоисточна Европа. Трудовите се фокусирани на актуелните прашања и предизвици во спречувањето на корупцијата на универзитети и во таа насока, можностите на Законот за заштита на укажувачите.

Предговорот на Зборникот го напишаа познатите професори Патрик Шмит (Мeкалистер Колеџ, Минесота, САД) и Пол Мартин (Универзитет Оксфорд, Велика Британија).

Зборниот е објавен од ИСИЕ во рамките на проектот „Универзитет без корупција“, поддржан од Амбасадата на САД.

Зборникот може да го преземете на следниов линк.