Една недела по потпишувањето на Декларацијата за универзитет без корупција, ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии ,,Св. Апостол Павле’’ – Охрид, проф. д-р Нинослав Марина донесе одлука за назначување на д-р Дијана Цапеска Богатиновска како овластено лице за прием на пријави од укажувачи на Универзитетот за информатички науки и технологии ,,Св. Апостол Павле’’ Охрид.