Одржана меѓународна конференција за корупција во високото образование

На 11 септември 2018 г. на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа Меѓународната конференција „Корупцијата и високото образование“ во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ. На конференцијата учествуваа 25 професори и истражувачи од регионот на Југоисточна Европа кои презентираа трудови поврзани со актуелната состојба и трендови во врска со корупцијата во високото образовaниe како и улогата на наставните програми во спречувањето на корупцијата.

Посебна сесија беше посветена на можностите на Законот за заштита на укажувачите во спречувањето на корупцијата во високото образование.

До крајот на септември ќе биде објавен и зборник на трудови од конференцијата на англиски јазик.

Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Универзитет без корупција“, финансиран од амбасадата на САД во Македонија.