Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 18 декември 2017 година беше потпишана Декларацијата за универзитет без корупција од страна на ректорите на јавните универзитети во Република Македонија. Со декларацијата ректорите се обврзаа на спроведување на Законот за заштита на укажувачите и генералната превенција на корупцијата на универзитетите
Покрај ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и претседателот на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, проф. д-р Мишо Докмановиќ на настанот се обрати и министерката за образование и наука на РМ, д-р Рената Дескоска и заменик – амбасадорката на САД, Михаела Шварцер Блум. Министерката Дескоска го искористи настанот и на ректорите им го достави и новиот предлог – Закон за високо образование.
Овој настан беше организиран од Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ со поддршка на Амбасадата на САД во РМ.