Тренинзи

Во текот на мај и јуни 2018 година, Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ ќе одржи пет тренинзи во Битола, Штип, Тетово и Скопје на тема „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИТЕ КАКО АЛАТКА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА“.

Тренинзите се наменети за администрацијата и управите на факултетите и универзитетот, овластените лица за пријавување на корупција, вклучувајќи го и заштитеното внатрешно пријавување, вработените и другите заинтересирани лица. На настанот ќе биде промовиран и Прирачникот за примена на Законот за заштита на укажувачите во високото образование во Република Македонија.

Во јуни 2018 година во Скопје ќе биде организиран и еднодневен тренинг за претставниците на студентските организации, неформални групи и активисти во функција на засилување на нивните капацитети за пријавување корупција.

Тренинзите ќе се одржат со следнава динамика:

  • Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“, 7 мај 2018 година програма

 

  • Штип, Универзитет „Гоце Делчев“, 15 мај 2018 година, програма

 

  • Скопје, Американ Корнер, 4 јуни 2018 година, програма

 

 

  • Тетово, Универзитет на Југоисточна Европа, 6 јуни 2018 година, програма
  • Скопје, Американ Корнер, 25 јуни 2018 година, програма

 

Доколку сте заинтересирани да учествувате, контактирајте не на events@isie.org.mk