Пет приватни универзитети ја потпишаа декларацијата

Во периодот февруари – март 2018 година, пет акредитирани приватни универзитети ја потпишаа Декларацијата за „Универзитет без корупција“. Покрај сите јавни универзитети во Република Македонија, оваа декларација ја потпишаа и Првиот приватен Европски Универзитет Република Македонија, Првиот приватен ФОН Универзитет, Меѓународниот Балкански Универзитет, Меѓународниот универзитет Визион – Гостивар и Универзитет Американ Колеџ Скопје. Со тоа, вкупно 12 јавни и приватни универзитети во Република Македонија ја подржааа иницијативата на Институтот за стратешки истражувања и едукација – „Универзитет без корупција“.